fbpx

СДСМ за шест години ја зголеми просечата пензија за 40 отсто

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Љатифе Шиковска, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи постојано презема мерки и решенија за унапредување на животниот стандард на пензионерите.

Од 2011 година па до денес просечната пензија е зголемена за 80 отсто.

Во 2016 година последната година на режимот просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, а денес во 2023 година таа изнесува 19.106 денари, што е покачување од 40 отсто во време на мандатот на владите предводени од СДСМ.

За постојан и навремен раст на пензиите, СДСМ заедно со пензионерите донесе нова методологија со која пензиите се зголемуваат на секои шест месеци.

Откако е донесена оваа методологија пензиите за само 18 месеци од јануари 2022 до септември оваа 2023 година, ќе се зголемат за 26 отсто односно за повеќе од една четвртина.

Во време на најголема светска економска криза, во два наврати им помогнавме на пензионерите.

Прво сите пензионери во најкризните месеци, март, април и мај 2022 година добија по 1.000 денари додадок на пензија, а потоа во времетрање од четири месеци има беше помогнато на пензионерите со најниски пензии со дополнителна финансиска помош од 750, односно 1.500 денари.

СДСМ изгради системско решение за фер и праведно зголемување на пензиите на сите 330.000 пензионери.

Никогаш повеќе зголемувањето на пензиите нема да зависи од нечија политичка волја, туку тоа ќе се одвива на секој шест месеци како збир од проценти од официјални статистички податоци.

Никој не треба и не смее да манипулира со пензионерите, нашите највозрасни сограѓани кои ја граделе оваа држава треба да имаат услови за достоинствен живот, а ние како Влада и парламентарно мнозинство тоа им го овозможуваме.

Затоа, ќе продолжиме со вистинска грижа за нашите сограѓани пензионери.

Последни вести