fbpx

Колева: ДПМНЕ да се заблагодари на граѓаните и на мнозинството за обезбедените пари и за општините кои ги водат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Градоначалниците од ДПМНЕ се неспособни и наместо парите да ги вложуваат во капитални дела, тие парите на граѓаните ги трошат само за плати за вработените по општините. ДПМНЕ треба да се заблагодари на граѓаните и мнозинството за обезбедните пари и за општините кои ги водат нивни градоначалници, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Колева, на собраниската седница.

-Капиталните инвестиции во 95 проценти се од Владата на СДСМ и народот тоа треба да го знае, а лаги и крадења има во партијата на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да се заблагодари ВМРО-ДМНЕ тие уште критикуваат. Па една милијарди денари беа прифатени од нивните амандмани и на крај тие се заблагодаруваат на Христијан Мицковски. Па од кај ги донесе тој тие пари, од дома ли? Сите тие финансиски средства се пари од граѓаните, кои место да одат по Општините за капитални инвестиции, градоначалниците поставени од ВМРО-ДПМНЕ ги трошат за финансиските средства и целиот буџет за плати, рече Колева.

Колева потенцираше дека не очекува ВМРО-ДПМНЕ да разбере како се трошат парите наменски и во интерес за граѓаните оти таму кај нив се лагите, крадењето и жалните врби.

-За ДПМНЕ е без перспектива да се даваат 16 милиони евра за студентите, 21 милон евра за регрес за годишен одмор, затоа што ВМРО-ДПМНЕ тоа никогаш и не го даде. За нив перспективност се жалните врби и спомениците, а не 178 милиони евра за пензиите. Тие тоа не го разбираат затоа што не покачуваат ни плати ни пензии, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Колева.

Последни вести