Одговор на новинарско прашање, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
Одговор: Очигледно е дека кај Мицкоски има сериозен проблем. Доколку би биле несериозни како него би кажале дека се разбудил наутро и прво што му паднало на памет да блокира е неговиот избор за кадровски решенија во техничката влада, но од друга страна, ниту е нормлано ниту соодветно, сопствените предлози за кадровски решенија да не ги гласате и да неверувате во истите за кои однапред велите дека нема да ги поддржите. Не само што е политички нечесно и неодговорно, ниту кон граѓаните ниту кон пратениците, во крајна линија е надвор од секоја логика.