fbpx

Надвор од Собранието обезбедувањето на Мицкоски тепа полицајци, внатре, пратениците на ДПМНЕ блокираат закони за вработните во МВР

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Додека надвор од Собранието обезбедувањето на Мицкоски тепа полицајци, внатре, пратениците на ДПМНЕ блокираат закони со кои се овозможува решавање на станбените прашања за вработните во МВР и безбедносните служби.

ДПМНЕ го блокира Законот за продажба на станови во државна сопственост доделени на користење на вработените во Министерството за внатрешни работи и безбедносните служби.

Во Комисијата за финансирање и буџет, законот го блокира претседателот на комисијата од ДПМНЕ Бојан Стојановски.

Иако законот е пуштен во собраниска процедура уште на 06.07.2021 година.

Со овој закон се дава можност државните станови доделени на користење на лица кои се вработени во МВР и безбедносно-разузнавачките служби, како и на лица кои стекнале право на пензија во МВР, да ги откупат и трајно да го решат своето станбен прашање.

Ете како ДПМНЕ во македонското Собрание со активна блокада постојано работи против интересот на граѓаните и против интересите на вработените во МВР.

Јавно го повикуваме ДПМНЕ и Бојан Стојановски да ја прекинат блокадата и во интерес на овие луѓе да продолжи постапката и законот да биде донесен.

Последни вести