Соопштение за јавност
СДСМ со решенија за високите сметки- со закон бараме намалување на ДДВ за струја од 18% на 5%
Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, денеска во Собранието на Република Северна Македонија, поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за ДДВ, со кој е предвидено намалување на данокот за електричната енергија од 18% на 5%, како и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи.
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната прес-конференција во Собранието, посочи дека со оваа мерка значително ќе се намалат сегашните високи сметки за електрична енергија.
„Намалувањето на ДДВ за електричната енергија ќе значи 13% пониски сметки, односно поевтина струја за над 600 илјади домаќинства. За сметка од 3.000 денари, граѓаните ќе заштедат околу 400 денари – износ што, наместо да оди во државниот буџет, ќе остане во семејните буџети“, рече Битиќи.
На прес-конференцијата Битиќи посочи дека и покрај тоа што Владата формираше специјализирано Министерство за енергетика, сепак лани ова министерство има реализирано само 50% од планираните капитални инвестиции, а домашното производство на струја не се зголеува.
„Домашното производство на енергија не расте, што нè прави уште позависни од скап увоз. Во ноември, планираниот увоз на струја од соседните земји беше 0 GWh, но реално беа увезени 351,3 GWh. Истото се повтори во декември, кога планираниот увоз повторно беше 0 GWh, а се увезоа 425,7 GWh“, рече Битиќи.
Пратениците од СДСМ ја повикаа Владата, да го прифати предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ на струја од 18% на 5%, за да им се помогне на граѓаните да го прребородат овој тежок период.