fbpx

Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа што јавно го обелоденив неговиот криминал

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Анита Мургашанска – советничка во Советот на град Скопје

Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа што јавно го обелоденив неговиот криминал

Почитувани граѓани,

Откако му ги откривме сите скандали на Максим Димитриевски, откако јавно проговоривме за сите сомнежите за коруптивни шеми со парцели и станови, за криминал и лично богатење, градоначалникот на Куманово, сака да не замолчи.

Наместо да даде одговори и отчет пред граѓаните, наместо да одговара Максим Димитриевски поднел тужба, дека бил навреден и наклеветен.

Но, замислете, тужбата е за мои говори во Советот на општина Куманово.

Димитриевски се плаши од вистината и затоа сака да ја заташка, да ги прикрие злоупотребите и да го замолчи секој што му се спротивставува и јавно му ги обелоденува.

А што најмногу го здоболело Димитриевски, кој дел од вистината? Цитирам:

-„Како се купува стан од 90 метри квадарни за 2.000 евра, како се прави размена со кумот“

-„Срамота е човек кој е фатен со полна кола пари со поткуп“

-„Не може да ја напаѓа претходната Влада, таа влада му ја раздолжи општиниата, токму таа влада на која и се заблагодаруваше“

Еве нека види народот, ова се дел од цитатите, има секако и други, кои Димитриевски ги навел во тужбата.

Јас како одговорна советничка сум гласот на граѓаните, јавно зборувам за скандалите и сомнежите за криминал на Максим Димитриевски и така и ќе продолжам. Јасно му порачувам дека нема ниту да ме уплаши ниту да ме замолчи.

Благодарна сум за поддршката од СДСМ. Нашиот став е став на граѓаните, нешата борба е борба за вистината, за правдата и транспарентноста и одговорноста.

Јавно порачуваме – нема повлекување! Ќе продолжиме да зборуваме гласно и јас и СДСМ.

Ќе продолжиме да ја разобличуваме секоја негова злоупотреба и ќе бараме институционална реакција од надлежните.

Мора да се истражи најголемиот коруптивен скандал во општина Куманово со земјиште, во организација на Максим Димитриевски и неговиот кум Драган Митевски.

Како Димитриевски и неговиот кум заработиле 350.000 евра? Институциите мора да дадат одговор.

Како тоа Димитриевски добил стан од 97 метри квадратни во центарот на Куманово за само 2.500 евра?

Куманово заслужува чесна и одговорна власт.

Одговорност ќе има, кога тогаш. Правдата ќе стигне и во Куманово.

Последни вести