Изјава за медиуми, Оливер Спасовски – пратеник и координатор на ПГ на СДСМ
Спасовски: Со акробации во Собрание ВМРО-ДПМНЕ го блокира Законот за Кочани
Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,
Денеска се одржа седница на Комисијата за политика демографија и млади која што беше свикана од страна на претседателот на собранието, Африм Гаши врз основа членот 126 кој е решение беше задолжена пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ таа да ја води оваа седница. Меѓу другите точки на дневен ред се најде и точката на предлог-законот за поддршка на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани и на нивните семејства како и на повредените. Во предлогот беше под реден број 12. Меѓутоа се случи груба узурпација на правото на претседава со комисијата од страна на колешката Ласовска со тоа што првично не дозволуваше промена дневниот ред. По нашата реакција дзоволи да имаме предлог со којјшто точката на Дневен ред од 12 побаравме да биде прва точка на дневниот ред. За жал не добивме поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. Но исто така не дозовли ниту да се предложи нова точка на дневен ред а тоа занете дека бараме на секоја седница, точката за т.н. Закон за бранителите.
Во текот на седницата, кога дојде до моментот да се разгледа предлог Законот за заштита на децата седницата беше прекината.
Во изминатиот период имавме постојано барање дека овој Закон е исклучително важен, да помине за да можат да се лиценцираат луѓе односно кандидати кои што сакаат да работат во детска зашти, во градинки. Денеска се случи нешто што покажа дека немала никаква итност во однос на носењето на Законот за заштитта на децата. Но покажа и дека она што треба да е врвен приоритет а тоа за семејствата на загинатите и оние членови на нивните семејства и на лицата коишто се повредени, над 25 во Кочани. Седницата беше прекината и да не се продолжи.
ВМРО-ДПМНЕ на секој начи ја отежнува и така тешката ситуација и на Кочани и на оние коишто настрадаа во несреќата и на нивните семејства. И воопшто не ни е јасно како и зошто пробуваат со едни вакви акробации, на деловнички кршења итн воопшто да не дојде на дневен ред оваа точка на комисијата. А со тоа да не може да продолжи понатамошната расправа во Собранието односно да премине на наследното читање.
Мислам дека нема поважна тема во државата отколку што е Кочани во овој момент дека нема поважна потреба од носење на законски решенија отколку Законот за настраданите во Кочани. Час поскоро треба ВМРО-ДПМНЕ да поддржи и ние очекувавме дека ова ќе биде точка на дневен ред сите заедно ќе ја пратиме пораката на солидарноста, пораката НА единството и пораката на подавање на рака на институциите од граѓаните заради тоа што е а оваа многу потребна. Ние како пратеничка група инсистиравме да ова законско решение се донесе час поскоро да определиме финансиски средства кои ќе бидат доделени на семејствата.
Меѓутоа очигледно дека тоа не е приоритет за ВМРО-ДПМНЕ приоритет да се именуваат услови за директори за да можат да бидат поставена одредени функции, веројатно приоритет е нешто друго во однос на трошењето на на парите набавки за папаја, за манго итн за владините службеници. А не е приоритет одредување на финансиии и законско решение со коешто ќе се помогне на настраданите во во Кочани.