fbpx

Дебакл на надворешната политика а Муцунски прави партизација на МНР како филијала на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Фатон Бејта, претседател на Комисија за надворешни работи и поранешен амбасадор

Дебакл на надворешната политика а Муцунски прави партизација на МНР како филијала на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Од моментот кога Тимчо Муцунски стана министер, сведоци сме за целосен дебакл на надворешната политика и на целосна партизација, непрофесионалност и урнисување на Министерството за надворешни работи како институција.

Под раководство на Муцунски, резултатите на надворешен план се поразителни. Македонија нема ниту еден успех, само порази и чекор по чекор тоне во дипломатска изолација.

Наместо стратешка и државничка надворешна политика, имаме непочитување на основните принципи на професионалност, законитост и еднакви можности во кариерата.

Министерството за надворешни работи Муцунски го претвори во партиска испостава на ВМРО-ДПМНЕ.

Муцунски поставува кадри без елементарно познавање на дипломатијата, кои не ги исполнуваат основните критериуми.

Пример е Веле Трепевски, кој без соодветни квалификации Муцунски го постави за директор за организациони работи, а сега е предложен и за амбасадор во соседна Албанија.

Единствена негова работа е заедно со државната секретарка Елена Кузмановска, да врши масовни партиски унапредувања на кадри блиски до ВМРО-ДПМНЕ – по налог на Муцунски а на штета на искусни и стручни дипломати.

Без закон, без морал – само со партиска припадност.

Ќе набориме неколку флагрантни примери:
-Горан Трајков, сопруг на Викторија Трајков, е унапреден во министер-советник без да ги исполнува законските критериуми.

-Никола Гугоски, синдикален претставник што работи под партиски директиви на ВМРО-ДПМНЕ, е унапреден и испратен во Истанбул.

-Васко Дамчевски, поранешен градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и учесник во настаните од 27 април 2017, е унапреден двапати и сега оди во Конзултатот во Солун како ополномоштен министер – токму таму каде што му студира детето.

Партизацијата продолжува и преку злоупотреба на системот за испомош:
Дипломат кој пред два месеца се вратил од мандат, веќе е испратен во Париз. Исти практики гледаме и во Берлин и други дипломатски мисии.

Над 20 лица се ангажирани со договор за дело, а дел од нив не се ни појавуваат на работа.

Без никакво објаснување амбасадорот Весел Мемеди е вратен во Италија, иако законскиот рок за усогласување на ставовите за неговиот статус одамна е поминат.

Ова е уште еден доказ дека Муцунски ја води дипломатијата како приватна сопственост, а институциите ги третира како филијали на ВМРО-ДПМНЕ.

Во исто време, во самото Министерство владее хаос: Често нема вода во тоалетите, не работи системот за ладење, недостасуваат основни материјали за работа.

СДСМ ќе се спротивстави на оваа партизација, газење на дипломатијата и угледот на земјата.

Упатуваме апел до претседателката Силјановска да регира согласно своите надлежности и да не дзоволи да стане соучесник во овој институционален распад.

Македонија заслужува достоинствена дипломатија – професионална, независна и стратешки ориентирана.

Последни вести