Хумнитарна акција за граѓаните од поплавените места – Хумано Скопје подава рака
Градската организација на СДСМ – Скопје организира хуманитарна акција за помош на граѓаните од поплавените места.
Да донираме дел од нашите исправни електрични апарати за домаќинство и облека на најпогодените граѓани од поплавата во Скопје.
Хуманитарната акција ќе се одржи во општините Аеродром и Кисела Вода на ден 25.09.2016 (недела) од 10:00 до 12:00 часот, на следниве пунктови каде ве очекуваат младите од СДММ
Општина Аеродром
Паркингот на НЕОКОМ – Железничка Станица
Паркинг на О.У. „Љубен Лапе“ – нас. Аеродром
Автоб. станица – последна „5” – нас. Ново Лисиче
Општина Кисела Вода
Паркот спроти Општина Кисела Вода;
Паркот спроти Расадник – кино Кисела Вода;
Паркинг пред поштата во нас. Драчево
Скопје, 24.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА