fbpx

ВМРО-ДПМНЕ да каже зошто обвинетиот Груевски бега од Надзорната за поплавите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ треба да каже зошто обвинетиот Никола Груевски бега од Надзорната расправа, а пратениците од неговата партија минатата недела ја блокираа седницата на комисијата.

Дали обвинетиот Груевски се плаши од соочување со вистината?

Груевски беше 10 години премиер и јавноста од него очекува одговори што направиле тој и неговата власт и уште поважно, што не направиле тој и власта за да дојде до катастрофалните последици од поплавите, загуба на човечки животи и огромни материјални штети.

Цела Македонија ја виде неспособноста на институциите под контрола на обвинетиот Груевски. Во 21-от век делови од Скопје немаат канализација! Каналите не се исчистени иако парите за чистење легнале на сметка на бизнисмените блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Партизираните институции потфрлија и не реагираа на време.

Бегале или не, обвинетиот Груевски и неговите кадри ќе одговараат!

Скопје, 22.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести