fbpx

Стравот од декласификација ги натера ВМРО-ДПМНЕ да ја одложат седницата на комисијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Стравот од декласификација ги натера ВМРО-ДПМНЕ да ја одложат седницата на комисијата

Стравот од декласификација ја исплаши власта, ја утнаа процедурата за да има намерно одлагање на седницата на собраниската Комисија за надзор на АНБ.

Намерата на власта не е вистината, туку манипулациите, лагите и злоупотребите на институциите.

Власт што не може да организира едно редовно заседание на комисија по закон и по процедура, не може да обезбеди ниту функционален систем на безбедност и заштита на јавниот интерес.

Наместо да се препелка со процедури и одлагања, власта веднаш да ги декласифицира документите за случајот АНБ.

Да види јавноста дли Мицкоски се плаши од декласификација на овие документи затоа што ќе ги потврдат индициите за милионски криминал токму на ВМРО-ДПМНЕ?

Последни вести