Соопштение за јавност
Мицкоски и Орце ќе продолжат со дивоградбите во Чаир и Скопје
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште еднаш го покажаа вистинското лице, заштита на криминалот со дивоградбите во Чаир и урбаното дивеење.
Со изјавата дека нема да го следи примерот на албанскиот премиер Еди Рама и нема да руши дивоградби во Чаир, Мицкоски јавно призна дека нема намера да стави ред во хаосот со бесправната градба во Скопје туку и понатаму ќе ги штити.
Ова е истата матрица која веќе ја гледаме години наназад: Орце Ѓорѓиевски, Мицкоски и нивните градоначалници се дел од проблемот, а не од решението.
Наместо да се справат со криминалните дивоградби, тие ги легализираат и охрабруваат, создавајќи уште поголем урбан хаос, уништувајќи паркови, јавни површини и го загрозуваат квалитетот на живот на граѓаните.
СДСМ веќе предупреди: глас за Орце и ДПМНЕ е глас за претворање на Скопје во дивоградба.
Граѓаните на Скопје и на Македонија заслужуваат ред, закон и контрола над урбанистичкиот хаос, а не влада и градоначалници кои ги штитат криминалните структури.
СДСМ ќе продолжи гласно да се спротивставува на урбаното дивеење, криминалот и дивоградбите што го уништуваат Скопје.