fbpx

Буџетот на кадрите на Груевски ќе претрпи ревизија, ќе биде Буџет за граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Порачуваме дека Буџетот за 2017 година што го усвоија кадрите на Никола Груевски во Владата, доколку биде усвоен од мнозинството во Собранието ќе претрпи темелна ревизија и ќе биде проектиран исклучиво според потребите на граѓаните на Република Македонија.

Нагласуваме дека Владата којашто функционира е техничка и е формирана исклучиво за организирање и спроведување на предвремените парламентарни избори.

Оваа Влада не смее да носи сериозни акти каков што е Буџетот за 2017 година тежок 3 милијарди евра.

Граѓаните треба да знаат дека СДСМ нема да дозволи исплатата на сите тековни трошоци, плати, пензии, субвенциии, социјални трансфери, на ниеден начин да биде загрозена.

 

Скопје 19.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести