fbpx

И Лутфиу и Ристовски се согласуваат, трошоците за студент се поголеми од една плата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

И во Министерството за образование знаат дека една плата не е доволна за покривање на месечните трошоци на еден студент. Затоа Спиро Ристовски и Пиштар Лутфиу ги одмолчаа фактите.

Минималната плата е 10.080 денари, а трошоците за студент сместен во студентски дом 10.277 денари. Трошоците на студентите кои не се примени во студентски дом и живеат во стан со цимери се уште поголеми, над 20.000 денари месечно.

Резултатите од „посветеноста“ на Министерството за образование се видливи: разурнати студентски домови, распаднати библиотеки, бубашваби во храната, студена вода…

Овој недостоинствен, безобразен однос кон младите ќе заврши. По 11 декември студентите ќе имаат квалитетен живот и модерни услови за студирање.

Скопје, 16.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

 

 

 

 

Последни вести