Соопштение за јавност
Помеѓу 85-те илјади луѓе кои се наоѓаат на црниот список за неплатена радиодифузна такса на УЈП и на кои им се заканува присилна наплата, се наоѓа и името на поранешниот директор на Управата за безбденост и контраразознавање, Сашо Мијалков.
Оттаму, го прашуваме лицето Сашо Мијалков:
Дали ова значи чин на граѓанска непослушност?
Дали неплаќањето на радиодифузната такса, значи дека тој ја поддржува мерката на СДСМ за укинување на радиодифузната такса?
Дали радиодифузната такса претставува сериозен трошок за семејството Мијалкови?
Истовремено, ги прашуваме одговорните во УЈП:
Дали веќе е испратено решение за присилна наплата на адресата на Мијалков?
Дали и во случајот на Мијалков ќе се постапи со блокирање на сметка и испраќање на извршители, како што е пракса со останатите должници?
Мијалков да биде спокоен. По 11 декември радиодифузната такса нема повеќе да биде трошок за неговиот домашен буџет и неговото име нема да фигурира на должнички списоци за радиодифузна такса. Ако оваа давачка е товар за бизнисменот Мијалков, тогаш убедени сме дека посиромашните семејства ќе бидат уште позадоволни од оваа мерка.
Скопје, 14.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА