Соопштение за јавност
После 11 декември граѓаните нема да плаќаат радиодифузна такса и тоа не можат да го спречат ниту УЈП, ниту Груевски, ниту ВМРО-ДПМНЕ.
Македонската радио телевизија ќе биде јавен сервис на граѓаните финансиран директно од Буџетот.
Неодговорната власт преку УЈП нема право да им се заканува на 85.000 граѓани со извршители, а да ги толерира направените досега милионски долгови на Македонската радиотелевизија и други јавни претпријатија со коишто раководат кадри од власта.
Завршува времето на неправедната власт на Груевски!
Радидифузната такса ќе ја укинеме! Промените се случуваат! Македонија се менува!
Скопје, 13.09.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА