fbpx

Груевски преку куририте го покажува стравот од широкиот фронт за негов пораз

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Медиумите под контрола на Никола Груевски по којзнае кој пат ја манипулираат јавноста.

Текстот на весникот „Дневник“ кој денеска го објавуваат и курирските портали е уште еден пример за известување надвор од новинарските стандарди. Бомбастичниот наслов за кандидатските листи воопшто не ја одразува содржината на текстот.

Паниката на Груевски од поразот кој ќе го доживее на 11 декември придонесува тој да е опседнат со СДСМ и широкиот демократски фронт против неговиот режим.

Ангажманот на секој граѓанин со цел промена кон подобра Македонија е повеќе од добредојден. Секој е важен, сечија идеја е добредојдена. Ние не држиме контрола и монопол врз опозициските граѓани и по тоа се разликуваме од ВМРО-ДПМНЕ. Ги поддржуваме и здружуваме различностите, и затоа Груевски е во паника.

За листи не зборуваме, зборуваме за симнување од власт на оние кои со години крадат, лажат и уништуваат човечки судбини. Планираме како да ја обновиме Македонија, ќе ги мобилизираме сите демократски капацитети – важна е секоја пора на општеството, а не само листите.

Промените ќе се случат.

 

Скопје, 13.09.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести