Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ и на Илинден не успеа да се надмине себеси. Не се откажа од црните пропаганди, од туркањето на граѓаните кон поделби и од зпоупотреба на државните функции и ресурси.
Ѓорѓе Иванов е последниот кој може да зборува за единство, дијалог, компромис и политичка стабилност. Тоа е човекот којшто помилуваше криминалци и со тоа предизвика масовни демонстрации низ улиците на Републиката. Тоа е човекот кој ја којфронтира Македонија со западните демократски вредности.
Трајко Вељаноски во денешниот свој говор уште еднаш најбезбобразно ја урниса позицијата Претседател на Собранието. Наместо да се посвети на вредностите на македонската државнотворност и на македонската република, тој се одлучи преу црнила и патетики да ги напаѓа граѓаните и политичарите кои не мислат како него.
Неговите колеги од мафијашката дружина во исто време се обидоа да сеат поделби и на Мечкин Камен.
Порачуваме – Илинден не е за поделби!
Нема поголемо предавство од тоа да ги делиш сопствените граѓани!
Нам, на граѓаните ни е доста од вашите поделби!
Сакале вие или не, во секој граѓанин на Македонија има по еден партизан и по еден комита!
Сакале или не, после дождот сонце доаѓа!
Скопје, 02.08.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА