fbpx

Делегација предводена од организацискиот секретар Зечевиќ оддаде почит во Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn

Делегација на СДСМ предводена од организацискиот секретар Миле Зечевиќ во којашто се и Петре Шилегов, пратеник, Игор Трајчевски, член на СДММ и Маринела Тушева во чест на 2 август – Денот на Републиката, оддаде почит на хероите и положи свежо цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот Жена борец и на спомениците на Никола Карев и Методија Андонов – Ченто.

Во Скопје и низ републиката, како дел од собраниски делегации, пред спомениците на повеќе херои, во чест на 2 август – Денот на Републиката, оддадоа почит и положија свежо цвеќе пратеничката од СДСМ и потпретседателка на Собранието на Р.Македонија, Рената Дескоска, како и пратениците Васко Ковачевски и Лидија Димова.

 

Последни вести