fbpx

Реакција на изјавата на Коце Трајановски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Коце Трајановски продолжува да се слика на промоција на проекти кои се под ингеренции на скопските општини. Тоа е затоа што нема што да им каже на скопјани за проблемите во главниот град.

Доколку Никола Груевски не потрошеше над 650 милиони евра на Скопје 2014, доколку по негова наредба оваа година не се потрошеа уште 27 милиони евра за неговиот раскош и луксуз и Трајановски не учествуваше во тоа, денес во Скопје ќе имавме:

• подземна сообраќајница од Владата до зградата на НБРМ;
• трамвај;
• нова гимназија во општина Аеродром;
• пречистителна станица;
• финансиски средства за намалување на загаденоста на воздухот во Скопје;

и многу други работи кои се од најголемо значење за граѓаните.

По примерот на неговиот шеф, Коце Трајановски треба веднаш да поднесе оставка, за да може Скопје да добие вистински градоначалник.

Скопје, 01.08.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести