fbpx

Ужасниот инцидент со згазеното момче е доказ до каде се “опијаниле“ но ќе одговараат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ужасен е инцидентот во којшто поранешниот главен телохранител на Никола Груевски прегази 22 годишно момче, кое според информациите, е во исклучително тешка здравствена состојба.

Ова е уште еден многу сериозен и трагичен доказ на кого се во полицијата му биле давани раководни позиции и до каде тие луѓе ги опијанила виртуелната реалност дека `се им е дозволено.

Слушнавме и од Вистината за Македонија како под раководство на истиот тој поранешен шеф на обезбедувањето на Груевски, со денови се молчело за деталите за убиството на Мартин Нешкоски на плоштадот Македонија.

И за тешкиот инцидент по полноќ, иако Јанкулоска и Мијалков не се во МВР и УБК, МВРО раководено од наследникот Чавков, како што може да се прочита, не дава прецизни информации на јавноста, што упатува на тоа дека има обид нешто да се скрие.

Очигледно многу работа ја чека оваа држава и нас граѓаните да ги поставиме моралните и професионалните стандарди каде што им е местото.

Доаѓа одговорна Влада која тоа ќе го стори заедно со граѓаните на Македонија, а сите кои вршеле или извршиле злосторства врз граѓаните, ќе мора да понесат одговорност.

Скопје, 27.07.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести