Соппштение за јавност
Денес Коце Трајановски реферираше пред вистинскиот градоначалник на Скопје, Никола Груевски, дека се реализирале наводни инфраструктурни проекти во градот за наводни 17 милиони евра.
Во исто време само во 2016 година, по нарачка на Никола Груевски во Скопје на раскош и луксуз се фрлаат:
- 18 милиони евра на Панорамско тркало
- 5.7 милиони евра на нови барокни фасади
- 2.6 милиони евра за нова луксузна зграда за Коце Трајановски
- 500 илјади евра за пристапни површини околу партиското седиште на ДПМНЕ
- 500 илјади евра само за одржување на фонтани и споменици
Само по овие основи, Коце Трајновски по нарачка на Никола Груевски, оваа година ќе потроши нови 27.3 милиони евра за Скопје 2014.
Лудилото на Никола Груевски со Скопје 2014 ќе заврши на следните фер и демократски избори.
Го повикуваме Коце Трајановски да не ги чека локалните избори, туку веднаш да поднесе оставка.
Само на тој начин предвидените 27.3 милиони евра за раскошот и луксузот на Никола Груевски, ќе бидат пренасочени во инфраструктурни проекти, кои реално ќе го подобрат животот скопјани.
Скопје, 27.06.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА