Гичев: ДПМНЕ ги изневери граѓаните, време е за нова позитивна енергија и прогрес во Свети Николе

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Поминаа четири години откако ДПМНЕ е на власт, а освен празни ветувања, не добивме ништо.
Четири години без ниту еден капитален проект, освен чадорите и кафезот во срцето на градскиот парк, кои ќе бидат дислоцирани веднаш по моето доаѓање, во првата недела, порача од трибината во Свети Николе кандидатот за градоначалник на СДСМ, Дејан Гичев.

Тој ја побара поддршката од граѓаните и вети дека повторно ќе го врати сјајот на градот.
„Време е за промени. Време е за прогрес. Поминаа четири години без привлекување инвестиции. Наместо развој, добивме стагнација, наместо отчетност, добивме молк, и наместо подобар живот, добивме повисоки сметки и пониски стандарди. Ветуваа многу, а не направија ништо. Проектот за базен, кој беше целосно подготвен, беше сопрен без никакво објаснување од раководството предводено од ВМРО-ДПМНЕ,“ рече Гичев.

Тој ја побара довербата од граѓаните ветувајќи дека со напорна работа ќе ја реализира својата визија и програма, со конкретни проекти за подобра иднина.

„Со правилно урбанистичко планирање и грижа за хигиената, Свети Николе ќе го направиме чист, урбан и модерен град за живот. Тоа ќе биде обврска на секој од нас. Ќе работиме на обновување, модернизирање и вложување во спортските објекти, како и на поддршка на спортските клубови, со што ќе го оживееме спортот во нашиот град. Партнерството, координацијата и соработката со невладиниот и граѓанскиот сектор ќе овозможат подобра работа во решавањето на конкретните проблеми на граѓаните,“ порача Гичев.

Тој потсети дека ДПМНЕ ја имале можноста, но ја прокоцкале, градот стагнираше изминативе четири години, а жителите не добија ништо од ветеното.

„Ние ќе донесеме вистинска поддршка за земјоделците. Ќе обезбедиме основни услови за работа преку тампонирање на сите земјоделски патишта. Ќе ја вратиме загубената чест на земјоделецот, а ќе ја вратиме и душата на градот. Нашата визија е да ја подобриме заедницата. Предлагаме нови политики и мерки кои директно одговараат на реалните потреби на граѓаните. За младите , нов младински центар. За социјално ранливите фонд за самохрани мајки. Во образованието, стипендии за талентирани деца, порача Гичев.

Ќе бидам градоначалник кој секојдневно ќе биде на терен и достапен за сите. На 19. октомври, заедно за Свети Николе, заедно за една нова позитивна енергија, закружете го бројот 5, порача Гичев.