fbpx

Министерот за земјоделство се уплашил, но ќе одговори, порано или подоцна

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Министерот за земјоделство Михаил Цветков изгледа се уплашил и затоа е збунет.

Нема друго логично објаснување зошто Цветков се одлучил да пушти таканаречен демант до СДСМ, за наоди во официјален Извештај на овластен државен ревизор!

Дали фирмата на омилениот партнер на Груевски Ѕинго, Силекс Неметали, е една од тие што добиле од сомнителните близу 3 милиони евра за чистење канали?

Кои се другите субјекти кај кои отишле пари на незаконски начин?

Ова мора да го одговори министерот за земјоделство, Михаил Цветков. И ќе го одговори порано или подоцна.

Дека власта на Груевски преку Министерството за земјоделство, односно програмата за рурален развој, незаконски исплаќала огромни суми пари на фирми и лица за чистење канали е ревизорски наод во Извештајот за 2014 година.
Вкупната исплатена сума на овој начин, што ја наведува ревизорот е близу 3 милиони евра!

Цветков лаже дека во Извештајот не е наведена сума на злоупотребени пари.
За потсетување на збунетиот министер еве го линкот до ревизорскиот Извештај

http://www.dzr.mk/Uploads/1_1_FR_Agencija_finansiska_poddrska_zemjodelstvo_ruralen_razvoj_2015_KOMPLET.pdf 

Нека прочита Цветков на страница 29, ред 34!

Нема бегање.

Бараме, надлежните институции веднаш да отворат истрага по наодите на ревизорот и да се открие во чии џебови и сметки завршиле околу 3 милиони евра пари на граѓаните!
Порачуваме дека сите надлежни институции се должни да постапат, бидејки во спротивно ќе бидат соучесници во сериозните индиции за криминали со народни пари.
Новата одговорна Влада што ќе ја предводи СДСМ ќе ги земе предвид овие ревизорски наоди, ќе направиме и нови ревизии и сите кои го кршеле законот или бие вмешани во криминали, ќе одговараат.

 

Скопје, 18.07.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести