Филипче: ВМРО-ДПМНЕ води црна кампања затоа што нема проекти за фалење

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ води црна кампања затоа што нема проекти за фалење

ВМРО-ДПМНЕ се фокусира на слислување спинови за опозијата, наместо да се зафати со решавање на проблемите на граѓаните кои се сѐ погласни. Ова го одговори претседателот на СДСМ Венко Филипче на поставено новинарско прашање на денешната прес конференција.

„Премиерот и ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период како што кажав се во една цела безидејност и немаат што друго да направат. Немаат што да прикажат, немаат сериозен проект, се вадат и како алиби го кажуваат тоа дека за некои работи биле потребни децении. Соочени се со тоа што ние го кажуваме што ние сме направиле во нашиот мандат за само година или две. И ако ние сме можеле за две години да ги зголемиме платите на лекарите, да почне зголемувањето на минималната плата која до крајот на мандатот е дуплирана и низа други мерки тогаш, јасно е немаат ниту капацитет, ниту волја, ниту визија како да ја водат државата напред“, рече Филипче.

Филипче остро ја критикуваше црната кампања на владејачката партија потенцирајќи дека спиновите никому не одат во прилог затоа што не се повеќе опозиција, туку власт која треба да испорача резултати и носи одговорност пред граѓаните кои ги избрале.