Филипче од Карпош: Власта е отуѓена од потребите на граѓаните, СДСМ и во најтешките кризи беше до народот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче од Карпош: Власта е отуѓена од потребите на граѓаните, СДСМ и во најтешките кризи беше до народот

Во изминатава година и пол гледаме власт која не ја разбира својата должност, власт која е целосно отуѓена од потребите на луѓето, која ја третира државата како сопствена компанија, истакна претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во општина Карпош.

Тој посочи дека владеењето на власта е претворено во шоу, наместо во конкретни дела, мерки и политики за граѓаните и за напредок на државата.

„Денес имаме власт која не ја води државата, туку ја режира. Сè е претворено во настап, во шоу, во перформанс без никаква содржина и суштина“, истакна Филипче.

Во обраќањето Филипче посочи дека СДСМ и во најтешките кризи, здравствената, енергетскат, економската – не дозволија државата да се распадне, и покажа дека и во тешки времиња може да се мисли на луѓето.

„Ги зголемивме платите, ја воведовме методологијата за раст на пензиите, ја подигнавме минималната плата, ја зголемивме социјалната помош за оние што живеат најтешко. После 3 децении ги решивме проблемите на стечајните работници. Не ветувавме чуда, но направивме конкретни чекори што го олеснија животот на граѓаните. И тоа е мерката на една сериозна политика – кога во криза покажуваш грижа, а не алчност“, рече Филипче.