Соопштение за јавност
Филипче од Карпош: Да се обединиме околу социјалдемократските вредности – не заради партијата, туку за државата да ни оди напред
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“, што се одржа во скопската општина Карпош, повика на околу вредностите на СДСМ, со единствена цел- да се исправи и да напредува дражвата.
„Да покажеме дека солидарноста не е слабост, туку највисока политичка доблест. Да докажеме дека правдата и вистината можат повторно да станат дел од секојдневието. Ги повикувам сите што некогаш веруваа во оваа идеја, но се повлекоа, сите што замолкнаа, сите што се разочараа – да се вратат, не поради партијата, туку поради државата. Поради децата кои сакаат да живеат тука, а не да заминуваат.Поради достоинството што не смее да се изгуби“, порача Филипче.
Во обраќањето пред граѓаните, тој потсети дека Македонија како држава има преживеано многу поделби, режими, предавства, кризи, но секогаш, кога изгледало дека сè е изгубено, се појавувала една идеја – идејата за правда, за солидарност, за заедништво.
„И секогаш, токму таа идеја победувала. Денес е наш ред да ја продолжиме таа традиција.Да не дозволиме лагата да ја победи вистината. Да не дозволиме ароганцијата да ја задуши емпатијата и грижата за луѓето. Да не дозволиме државата да стане плен на оние што не ѝ мислат добро.Да ја вратиме правдата, слободата и дека Македонија може подобро – и ќе може, ако се бориме заедно, достоинствено и со љубов“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.