fbpx

600 домаќинства преживуваваат со пари колку што чинат едни очила на Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Дури и Државниот завод за статистика, којшто множи и дели како што и одговара на власта на Груевски, не успеа да го скрие податокот дека една третина од домаќинствата во Македонија го живеат месецот со само 106 евра месечен приход!

Тоа значи дека 600 домакинства во земјава преживуваат цел месец со парите што ги дал Никола Груевски само за неговите Мајбах очила со кој беше фотографиран на лежалка во Израел лани.

Со 200 денари дневно родителите од околу 60.000 семејства треба да купат млеко за децата, да ги облечат за градинка и училиште, да ги однесат, да ги пратат на факултет, тие да отидат на работа, да обезбедат појадок, ручек и вечера и да тргнат на страна за струја, вода и телефон.

180.000 граѓани во Македонија, според Светска банка живеат уште помизерно, со по 40 денари на ден!

Дури третина од граѓаните во земјава, над 500.000 луѓе, живеат под прагот на незапаметена сиромаштија. И сето ова за фамилијата на власт 10 години се богати и луксузира на нивен грб, со нивните пари, на милионски парцели во милионски палати и мерцедеси од 600.000 евра.

Тоа се бројките на уништени човечки судбини, загрозени егзистенции и пролеани солзи со кои Груевски се плаши да се соочи на фер и регуларни избори.

Овие бројки ќе ги бетонираат Груевски и соработниците во историјата.

На следните фер и регуларни избори доаѓа одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија.

Се што им одзеде власта ќе им врати на граѓаните и за се што им направија, ќе одговараат.

Скопје, 22.06.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести