Соопштение за јавност
Министерството за финансии на чело со новиот министер Кирил Миноски и со согласност од гувернерот Димитар Богов го спроведе денешното задолжување на домашниот пазар, без да одговори со чиј потпис се задолжени граѓаните.
Резултат на молкот на новиот министер Миноски, гувернерот Богов, заминатиот министер Ставрески, шефот на задолжувањето Груевски, според информациите што ги имаме е резервираност на банките на денешната аукција на државни хартии од вредност.
Тоа значи дека Министерството за финансии ги задолжи граѓаните, но помалку од што сакаше власта, бидејки на аукцијата немало доволен одѕив од банките.
Граѓаните и банките почнаа да ги препознаваат матните политики на власта на Груевски и соработниците.
5 дена од власта на Груевски кријат со чиј потпис е нарачано новото задолжување, со оглед дека проспектите за аукцијата беа објавени кога Ставрески веќе имаше депонирано оставка, а неговиот наследник се уште не беше избран од Собранието.
Дали гувернерот Богов и НБРМ се соучесници во незаконско задолжување? И тие не одговорија врз основа на чиј потпис ја извршија функцијата агент на новото задолжување на домашниот пазар.
Сите инволвирани во финансиските злодела врз граѓаните ќе одговораат.
Незаконските задолжувања не смеат да бидат признаени како законски јавен долг на товар на граѓаните на Р.Македонија.
Скопје, 21.06.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА