Соопштение за јавност
Никола Груевски не е и нема да биде премиер.
Тоа подобро од неговиот послушник Иво Котевски го знае самиот Груевски.
Затоа Груевски и се обидува да го одолговлечи одржувањето фер избори.
На следните фер и регуларни избори граѓаните ќе го бетонираат Груевски во историјата и ќе изберат нова одговорна Влада којашто ќе им обезбеди иднина.
Оттука кога Котевски зборува за органите на ВМРО-ДПМНЕ добро би било да погледне уште еднаш внатре, да види каде се и каде ќе бидат Јанкулоска, Јанакиески, Ставрески.
Веројатно до Груевски, но пред правдата.
Никола Груевски и неговите соработници ќе одговараат пред Уставот и законите, за се што им направија на граѓаните на Република Македонија.
22.06.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА