Соопштение за јавност
Извршителот на Никола Груевски во Скопје, Коце Трајановски не може да се помири со фактот дека цело Скопје е кренато на нозе.
Скандалозната изјава на Коце Трајановски само го покажува стравот на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски од граѓаните.
10 години Градот Скопје целосно е ставен во функција на болната потреба за раскош и луксуз на Никола Груевски.
10 години Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го уништуваат Скопје.
Затоа скопјани се на улиците против режимот на Груевски. Тоа е болката на Груевски и Трајановски.
Цело Скопје застана во поддршка на барањата на граѓаните и опозицијата:
Уставниот суд да се изјасни за уставноста на Законот за СЈО.
Да прекине прогонот на демонстрантите.
Одговороност за криминалците на власт и владеење на правото.
Влада којашто ќе создаде услови и ќе спроведе слободни, фер, демократски и кредибилни избори.
Трајановски треба да поднесе оставка и да се соочи со гневот на граѓаните против неговото вазалско владеење, на штета на скопјани.
Скопје, 21.06.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА