Социјалдемократската младина на Македонија, во соработка со Прогрес Институт за социјална демократија, и со поддршка од Фондацијата Макс Ван Дер Штул од Холандија, и оваа година традиционално ќе организира летен камп за млади социјалдемократи, кој ќе се одржи во периодот од 7 до 10 јули 2016 година, во Охрид.
Оваа година на кампот ќе учествуваат повеќе од 90 млади луѓе од цела држава. Планирани се едукативни презентации, интерактивни работилници и работа во групи.
Традиционално, гостин на летниот камп ќе бидe претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев.
Заради големиот интерес, СДММ при изборот на кандидати ќе внимава на родовата застапеност и застапеноста на учесници од различни региони од Македонија.
Сите заинтересирани за пријавување на летниот семинар потребно е:
– да бидат членови на СДСМ односно СДММ, на возраст од 18 до 26 години;
– да биле дел од клучните проекти на СДСМ и СДММ во изминатиот период;
– ДА НЕ УЧЕСТВУВАЛЕ НА ПРЕТХОДНИ ЛЕТНИ КАМПОВИ организирани од СДММ и Прогрес Институт за социјална демократија;
– да испратат CV и партиска биографија.
Овие податоци заинтересираните потребно е да ги испратат на следниот
е-mail: letenkamp2016@gmail.com, најдоцна до 28.06.2016 (вторник).