Соопштение за јавност
На вчерашниот масовен протест десетици илјади граѓани упатија силна порака до криминалната власт на Никола Груевски дека трпението е при крај.
Револтот кај граѓаните секојдневно се интензивира.
После дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ на собирот што го организирше ГДОМ, вечерта, на масовниот граѓански протест Никола Груевски виде што значи кога народот врие.
Македонија застана против криминалната власт на Никола Груевски и ги поддржа барањата на граѓаните и опозицијата:
Уставниот суд да се изјасни за уставноста на Законот за СЈО.
Да прекине прогонот на демонстрантите.
Одговороност за криминалците на власт и владеење на правото.
Влада којашто ќе создаде услови и ќе спроведе слободни, фер, демократски и кредибилни избори.
Јасно е, Македонија нема да дозволи криминалната власт да ја држи во заложништво нејзината иднина.
Оттука е денешната панична реакција на уплшениот врв во ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје, 21.06.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА