Нарачаните интервјуа, како денешното на Никола Груевски на Сител телевизија, се уште една потврда зошто е неопходна реформа во медиумскиот простор во земјава.
Нема алиби за Груевски, кај него постои страв од соочувањето со граѓаните на фер избори, страв од казната и одговорноста за целокупниот криминал во изминатите 10 години.
Избирачкиот список не е прочистен, нема реформи во медиумите, СЈО е под постојани опструкции, прекинат е политичкиот дијалог, само затоа што Никола Груевски се плаши и бега од слободни избори.
Граѓаните тоа го знаат и го гледаат секој ден.
Во Македонија нема да има уште едни криминални избори, како што вети лидерот на демократска Македонија, Зоран Заев.
Македонија ќе има само слободни, фер, демократски и кредибилни избори.
Колку и да се обидува да одолговлекува и на самиот Груевски му е одамна јасно дека сите услови мора да се исполнат: прочистен избирачки список, реформи во медиумите, заканите кон гласачите да престанат, да се врати владеењето на правото.
Зборот е збор.
Напразно се надева Груевски дека ќе може да побегне од правдата и одговорноста.
После серијата порази што ги доживеа, откако се распаднаа сите негови бетони и се поништи дури и криминалната аболиција од Горге Иванов, нема спас за Никола Груевски и неговото криминално друштво.
Правдата се враќа. Одговорност за криминалот ќе има. Груевски ќе одговара пред законите и пред граѓаните.
Никола Груевски е веќе минато и тој не може да зборува за иднината.
Доаѓаат демократски промени на фер избори на коишто граѓаните ќе изберат сигурна и подобра иднина за Македонија без Никола Груевски и неговата криминална банда.
Скопје, 19.06.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА