Соопштение за јавност
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува вандалскиот упад во телевизија 21 од страна на обезбедувањето на Никола Груевски и бара одговорност за нарачателите и извршителите на овој чин.
Овој вандалски чин е уште една потврда до кој степен е загрозена слободата на известување и изразување во Македонија, покажува колку е урнисана демократијата во земјава.
Никола Груевски и неговите соработници најмногу се плашат од вистината и бегаат од граѓаните и реалноста.
Човекот што лажно тврди дека е дел од граѓаните покажа дека се плаши и бега од јавноста, покажа дека сака да биде изолиран во својот имагинарен свет, ограден со високи ѕидови, како оние на парцелите на Водно.
Одговорност за упад во медиум мора да има.
Скопје, 18.06.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА