Соопштение за јавност
Филипче од Ѓорче Петров: Јаловата црна кампања на Мицкоски не носи леб на масата, луѓето чекаат решенија
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Ѓорче Петров им порача на ВМРО-ДПМНЕ и на премиерот Мицкоски дека граѓаните очекуваат резултати и решенија, а не јалоби напади и пропаганда, бидејќи тоа не носи храна и не ги плаќа сметките на граѓаните.
„Неговите јалови напади не носат храна на масата и не плаќаат сметки. Граѓаните бараат решенија, бараат достоинствен приход, бараат јасна иднина напред. Бараат луѓе кои ќе си ја вршат работата за која се платени. Времето на обвинувања кон опозицијата им заврши – ама тоа никако да го прифатат”, порача д-р Филипче.
Во своето обраќање, тој истакна дека овие избори се историски важни не само за СДСМ, туку и за целата држава, бидејќи народот има можност да испрати силна порака против ароганцијата и самоволието на власта.
„На овие избори имаме шанса да испратиме силна порака до овие арогантни луѓе кои ја преземаа власта – дека народот не се предава и не молчи. Дека не може да прават што сакаат. Да испратиме силна порака дека социјалдемократијата живее и дека од овие избори започнува падот на оваа ненародна власт која изгуби контакт со реалноста”, нагласи Филипче.
Филипче додаде дека СДСМ останува чувар на граѓанските вредности и демократијата и дека партијата ќе продолжи да се спротивставува на сите обиди за потценување на народот и уништување на надежта за подобра иднина.