Соопштение за јавност
Потпретседателката на СДСМ, Фросина Ременски и членот на ИО на партијата, Љупчо Николовски, се во работна посета на партиските организации на СДСМ во Швајцарија.
Ременски и Николовоски во текот на вчерашниот ден остварија повеќе средби и со иселеници од Република Македонија во Швајцарија. Вечерта се одржа и трибина во Локарно, во организација на партиската организација на СДСМ од дијаспората.
На трибината се зборуваше за излезните решенија од длабоката политичка криза во којашто се наоѓа Македонија и можноста за враќање на земјава на нормален колосек.
Иселениците ги поздравија успешните политики на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и дадоа силна поддршка на процесите за враќање на слободата, демократијата и правдата во Македонија.
Заеднички беше потвдено дека за излез од длабоката политичка криза потребно е итно да се обезбеди владеењето на правото и исполнување на сите услови за слободни фер, демократски и кредибилни избори, час поскоро.
Скопје, 12.06.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА