fbpx

Поминаа 8 месеци, Уставниот суд веднаш да ја потврди уставноста на Законот за СЈО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Ако можеше Уставниот суд за само 5 дена да поведе постапка и за само 7 дена да донесе Одлука за иницијативата на ДУИ, како е возможно повеќе од 8 месеци да не презема ништо во однос на иницијативата за Законот за СЈО?

Повеќе од 8 месеци Уставен суд не прави ништо околу иницијативата за Законот за СЈО и го држи во заложништво судството и владеењето на правото.

Нема што да чека, Уставниот суд треба веднаш да ја потврди уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство.

Правдата и борбата против криминалот и корупцијата се уставни категории и не смеат веќе да бидат под било каква закана.

Само на тој начин ќе се овозможи непречена работа на единствената независна институција во Република Македонија којашто вистински се бори против криминалот и корупцијата.

Одновен принцип на демократијата е владеењето на правото и тој принцип мора да биде обезбеден. Оттука, приоритет за Уставниот суд треба да биде потврда на уставноста на Законот за СЈО.

Граѓаните мора да бидат сигурни дека законите важат за сите подеднакво.

Скопје, 09.06.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести