Соопштение за јавност
Ширењето на лаги и невистини со пари на граѓаните од страна на медиумските курири e секојдневие. Преку извртување на вистината сакаат да ги сокријат криминалите на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски.
Тие бескомпромисно го бранат Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ, притоа сервирајќи им виртуелни вистини за да ги задоволат хировите на криминалната банда на власт.
Медиумските курири молчат за тоа како Груевски со плата од 1.400 евра тргал на страна по 10.000 евра месечно? Како и на кој начин се богати Груевски додека граѓаните осирумашуваат?
Граѓаните знаат дека “Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.
На овој начин медиумските курири покажуваат дека нивната клучна улога е да шират лаги и манипулации, се со цел да ги одбранат криминалните активности и корупцијата во врвот на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.
Едно треба да е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста.
Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија.
СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.
Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата.
Слободна, демократска Македонија ја враќа правдата.
Нема спас за аболицираниот Груевски и неговото друштво. Секој што го прекршил законот ќе одговара.
Скопје, 24.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА