fbpx

Груевски страница по страница седнал да ја чита Програмата на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Да не е трагично за граѓаните, би било смешно на што `се се сети Никола Груевски по 10 години откако им го упропасти животот на луѓето во земјава.

Требаше да замине Груевски од премиерската фотелја, за да седне и страница по страница, да ја прочита Програмата на СДСМ, зашто човекот само на мерките на СДСМ е посветен. Тоа е добро, но многу задоцнето.

Последно што соопшти Груевски, вчера е проект за обновлив извор на енергија со користење на пелети, што ќе почнел да се реализира од 2017 година?!

Тој проект СДСМ го соопшти во октомври 2015 година! Овој проект, проектот за фотонапонски панели, другите проекти во енергетиката, како и сите други проекти за обнова на државата ќе ги реализира новата Влада што ќе ја предводи СДСМ заедно со граѓаните.

Во Програмата на СДСМ има проекти и за гасификација на државата, и за обновливи извори на енергија, и за нови хидроцентрали, и за одржување и развој на постоечките, се што Груевски можеше и не направи за изминатите 10 години, туку напротив упропасти.

Груевски и неговата власт 10 години го рушат енергетскиот систем. Го користат МЕПСО за да ги финасира барокните фасади од над 10 милиони евра?! ЕЛЕМ да гради рајски градини од 15 милиони евра?! РЕК Битола за сомнителни тендери за ископ и транспорт на јаглен за 100-ци милони евра?! Струјата ја поскапеа за 100%! Го зголемија увозот на струја за 40 проценти! Ги ставија надвор од функција: ТЕЦ Неготино, РЕК Осломеј, Когел, Окта, коишто не работат само поради штетните, коруптивни политики на власта на Груевски.

И вчера на Груевски му текна за палети за греење! Убаво, но доцна е за Груевски.

Македонија е на нозе.

СДСМ со граѓаните ќе ја обнови демократска и просперитетна Република Македонија.

Скопје, 11.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести