fbpx

На сите им е јасно, избирачкиот список воопшто не е прочистен

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На сите им е јасно дека избирачкиот список воопшто не е прочистен.

Хаосот во избирачкиот список се уште постои, има фантомски гласачи, недоследности, проблематично внесени податоци.

Очигледно е дека одлуката на мнозинството од ДИК, е донесена со политичка позадина којашто нема никаква врска со реалноста.

Затоа денеска не беше дозволен увид во списокот, за да се сокрие хаосот што постои.

Особено ако се има во предвид дека 139.438 граѓани се без адреса, односно без валидна лична карта, а останаа во избирачкиот список.

18.269 лица коишто воопшто не се пронајдени апликации односно барања за лични карти во МВР исто така се останати во избирачкиот список.

5.420 гласачи од Пустец се уште се во избирачкиот список.

Ова е уште една потврда дека не е исполнет уште еден, клучен услов за фер и регуларни избори, не е прочистен избирачкиот список.

Само со целосно прочистување на избирачкиот список, реформи во медиумите и одвојување на државата од партијата може да има регуларни избори.

ВМРО-ДПМНЕ е во голема паника што граѓаните од цела Македонија јасно и гласно го кренаа гласот против криминалните, антидржавни политики на Никола Груевски.

Ниту нарачаните аболиции на Ѓорге Иванов не можат да и помогнат на кримианлната банда од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија е на нозе во одбрана на правдата, за враќање на слободата и демократијата.

Или Груевски или Македонија.

Скопје, 27.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести