Соопштение за јавност
Веста дека Македонија, единствена од регионот, веќе не е слободна држава, потврдена од страна на Freedom Press, не ја објави ниту еден од медиумските курири.
Ниту Сител, Канал 5, Алфа, Курир, Нетпрес, Прес 24, ТВ Нова не ја пренесуваат оваа вест за целосно загрозените медиумски слободи во земјава.
Со тоа во целост се потврдува дека во медимскиот мрак, платен со пари на граѓаните, нема место за вистината.
Наместо професионално и објективно известување во интерес на граѓаните, овие медиуми одработуваат само како што ќе им се каже од партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.
Се потврдува се што СДСМ и целата демократска јавност го посочува, дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ контролираните медиуми ги користат само за пропаганда и манипулации, во надеж дека ќе се спасат од одговорност за криминалот.
Се потврдуваат антидржавните политики на Никола Груевски кои ја задушија слободата на говорот и слободата на медиумите.
Затоа Македонија е на нозе, во одбрана на правдата, за враќање на слободата и демократијата.
Скопје, 27.04.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА