fbpx

Слободна Македонија за слободни медиуми

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Најновиот извештај на релевантната Фридом хаус и официјално потврдува дека медиумите во Македонија не се слободни.

Извештајот наведува дека тоа е поради масовното прислушување на новинарите, корумпираните врски помеѓу високи функционери и сопственици на медиуми, како и зголемување на закани и напади врз медиумските работници.

Ова е резултат на криминалното владеење на Никола Груевски и медиумскиот мрак, платен со пари на граѓаните.

Антидржавните политики на Никола Груевски ја задушија слободата на говорот и слободата на медиумите. Парите на граѓаните Груевски најдрско ги злоупотреби за притисок врз медиумите и воспоставување контрола.

Токму затоа, на Македонија и е потребно враќање на слободата, демократијата, владеењето на правото и европските вредности.

По демократските промени, во слободна Македонија предводена од СДСМ, слободата на медиумите ќе биде загарантирана.

Правото медиумите слободно да работат и да известуваат во интерес на јавноста, ослободени од било каков притисок ќе биде обезбедено.

Недомаќинското и расипничко трошење на парите на граѓаните ќе заврши.

Македонија ќе има отворена, транспарентна и одговорна власт која ќе им служи на сите граѓани.

Скопје, 27.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести