Очигледно е дека граѓаните на Република Македонија имаат се помалку трпение.
Граѓаните сакаат сигурна иднина, просперитет, стабилност, економски напредок, слобода, правда…
Новата страна за иднината, за враќање на слободата, демократијата и правдата е веќе свртена.
СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.
Со отворањето на Вистината за Македонија го покажа вистинското лице на криминалната власт на Никола Груевски.
Повторно одговорно, како што му доликува на овој трпелив, но храбар народ и како што и доликува на СДСМ, заедно со граѓаните ја поведе битката за човековите, уставните и државните вредности во Македонија.
Денеска, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата.
Сите граѓани на Македонија заедно се носителите на промените за подобра и сигурна иднина.
Затоа што Македонија, слободата и правдата немаат цена.
Или Груевски или Македонија.
Скопје, 22.04.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА