Соопштение за јавност
Додека Македонија е на нозе заради злосторничкото здружение кое Иванов го помилува од криминалите што ги правеле изминативе 10 години, Ставрески ги задолжува граѓаните со нови 4.3 милиони евра.
Граѓаните се на нозе и заради огромното задолжување што го прави злосторничкото здружение на чело со Груевски.
Ставрески да престане да се крие и веднаш да одговори за која цел му се наменети овие 4.3 милиони евра со оглед на тоа што не доспеваат долгови за враќање после денешната аукција?
Свесен за намалениот интерес кај домашните кредитори за запишување на државни хартии од вредност, Ставрески денеска повторно ги зголеми каматните стапки на десетгодишните обврзници од 3.7% на 3.9%.
За само една година каматните стапки се зголемени за повеќе од 60 процентни поени во услови кога пред само еден месец Европската Централна Банка ја намали референтната каматна стапка на историско најниско ниво од 0%.
Граѓаните ставаат крај на грабежот што за криминалите на злосторничкото здружение Ставрески го прави преку нови задолжувања.
Затоа Македонија е на нозе!
Заминува расипничката и корумпирана власт којашто 10 години ги осиромашуваше граѓаните.
Доаѓа слободна и демократска Македонија!
Скопје, 19.04.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА