Ги откривме криминалните тендери, затоа ВМРО сака да ја урива СДСМ одвнатре

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Во момент кога СДСМ преку Антикорупцискиот тим систематски ги отвора и разобличува криминалните тендери, коруптивните зделки и предавствата на актуелната власт, ВМРО активираше организирана и координирана операција за уривање на СДСМ одвнатре.

Нападите ги немаше во изминатата година и половина, започнаа точно сега – кога АКТ ги откри и ги објави криминалните тендери и кога објавивме нова платофрма за борба против криминалот и корупцијата.

161 тендер за една фирма вредни 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за друга фирма со двајца вработени, милионски тендери за студент на Мицкоски за само два месеци.

Затоа ВМРО сака да ја урива СДСМ одвнатре.

Се работи за синхронизирана акција која ја води ДПМНЕ а во која како на далечинско се активирани поранешни функционери, лица кои со години не биле присутни во јавноста, како и поединци кои одамна ја напуштиле СДСМ и се приклучиле кон предавнички структури и коалборанти на ВМРО- ЗНАМ.

СДСМ нема да биде замолчена. Сценаријата за рушење на СДСМ нема да ви успеат.

АКТ продолжува со работа, граѓаните ни се приклучија во борбата за правда. На дигиталната платформа МИЦКО.мк секојдневно пристигнуваат нови пријави.

Вистината веќе излезе на виделина и назад нема. Нема да не замолчите, нема да не спречите.

Се ќе објавиме. Секој кој е вмешан во криминал и корупција ќе одговара.

Работата не е завршена.