Соопштение за јавност
Навредите, пцовките и омразата кон СДСМ, кон членовите, раководството и претседателот на партијата, се дел од црната кампања на ВМРО против СДСМ.
Станува збор за смислен медиумски линч врз поединци од раководството и врз СДСМ како партија, преку координирани текстови за медиумско оцрнување.
Со својот речник, Геро испраќа јасни пораки дека ова е дел и од пошироката кампања што ја водат ВМРО и Мицкоски. Кампања на „талог на општеството“, каде сите што ја критикуваат власта се напаѓаат и се прогласуваат за „талог“ со цел да се замолчат.
Секој што ќе им се најде на патот мора да биде оцрнет преку одредени портали.
Така, со измислени приказни и вести, како оние за визи и згради во Дубаи, постојано се води кампања за дефокус од главните теми: мигранти за пари, криминални тендери, буџетска дупка од 1 милијарда евра, поскапување на струјата. Денеска АКТ објави и нов скандал: 1,2 милиони евра за фирма на советник на ЗНАМ во Кисела Вода. Тоа е нивната цел, дефокус од криминалот на власта.
СДСМ целосно го разобличи овој начин на работа на кујните на ВМРО. Ја разоткривме и координираната акција за уривање на СДСМ одвнатре, објавувањето синхронизирани текстови на порталот на Героски, како и текстовите во одбрана на Деспотовски.
Героски самиот за себе вели дека е „алфа анти-СДСМ“ и самиот се поставува како координатор на сите овие активности.
Во своите колумни вели „Је** вас српски свет“, но во Македонија сите паметат дека имињата на контроверзниот српски разузнавач Живаљевиќ и на новинарот Героски се многу добро познати.
Првиот по присуството во немилите настани од 27 април и упадот во Собранието, а вториот – Геро – по тоа што токму тој му изнајмувал стан.
Дали е случајност што во неговиот стан имало агент на БИА во време кога се случуваа настаните во Собранието?
Има ли тоа врска со СНС?
Дали е чудно што токму тој е најголемиот „алфа анти-СДСМ“?
Ништо не е случајно, сè е поврзано по иста линија и кристално јасно.
Разоткриени се!



