fbpx

СДММ: 4 пати Груевски ветува нов мебел за студентските домови, прочитан е, не поминува!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

11 април 2013, промоција на книги– Никола Груевски изјави дека ќе се реконструира студентскиот дом Гоце Делчев, дека во текот на летото студентскиот дом ќе се реновира и ќе се опреми со нов мебел. Исто така, Груевски вети и нов студентски дом на местото кај Медицинар, опремен со нов мебел.

15 март 2014, за Курир – Никола Груевски повторно ветува дека целосно ќе се реновира студентскиот дом Гоце Делчев и ќе се опреми со нов мебел, поторно, во текот на летото.

17 октомври 2015, за Канал 5 – Никола Груевски најавува нов мебел за студентските домови.

30 март 2016 – Груевски повторно ветува нов мебел за сите студентски домови, секако, ова лето.

Никола, помина времето кога можеше да ги лажеш младите, студентите.

Во 4 наврати поранешниот премиер дава едно исто ветување.

Глувци, влага и мувла – тоа оставија Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ за студентите.

Нов мебел во студентските домови нема. Но, луксузен мебел, платен со народни пари има во партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Масажери и лед екрани нема во студентските домови, но има во луксузниот Мерцедес од 600 илјади евра на Груевски.

Студентите живеат и учат во влага. Овие денови гледаме дека студентите од домовите Стив Наумов и Пелагонија додека подготвуваат колоквиуми, бркаат и глувци.

Залудно Груевски ветува што ќе реализирал ова лето.

Прво, тој е политички пензионер, второ, претстојново лето е период на промени.

Промените доаѓаат, а веднаш по нив започнува и целосната реконструкција на студентските домови. Студентските домови ќе прераснат во современи кампуси, опремени со модерни библиотеки, читални, мензи, спортски игралишта.

Студентите заслужуваат да живеат во достоинствени услови, тоа ќе го овозможиме.

 

Последни вести