Освен за Геро, од Алта банка се спонзорирани и други објави против СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Оркестрираните напад врз СДСМ и претседателот Филипче, обидот за негов јавен линч или негово оцрнување преку лажни вести од кујните на ВМРО има две клучни заеднички компонентни: ВМРО пишува а Алта банка спонзорира.

Прво тоа се е од еден центар на ВМРО, истата канцеларија, истиот центар пишува за МАН, пишува за Алта банка, за квислингот, за Геро, за сите пишува.

СДСМ во неколку наврати го разоткрива овој начин на функционирање на медиумската мрежа, која ВМРО ја координира од својата кујна за лаги.

Последниот пример е уште еден доказ. Спроведоа кампања на линч против претседателот на СДСМ, кој во одговор за новинар на „Алфа ТВ“ единствено кажа дека не сака да одговара на лажните вести на ВМРО.

Следеа бројните објави во дел од порталите под нивна контрола, гостувања, емисии на телевизија, изјави, а на крај и соопштение од здружението МАН напишано од ВМРО.

Целта беше дефокус од главната тема: „стратешките партнери на ВМРО – путиновите Ноќни волци“.

Второ заедничко и многу важно, кој е спонзорот на сите овие објави по порталите? Алта Банка, блиска до СНС и Вучиќ.

И не е само порталот на Геро. И “ѕвездата” со поминат рок, квислингот Деспотовски доби спонзорирани објави, секако од Алта банка.

Алта банка блиска до СНС ги поврзува сите а очигледно и ги спонзорира.

Сега е кристално јасно!