fbpx

Николовски во Делчево: Програмата на СДСМ е гаранција за сигурна иднина на младите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓанските трибини посветени на мерките од програмата на СДСМ продолжи и во Делчево. Голем број граѓани го пречекаа дополнителниот заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски, придружуван од членовите на Извршниот одбор, Роберт Алаѓозовски, Татјана Прентовиќ и Диме Велковски, претседавач на ЦО на СДСМ.

– Македонија храбро и одлучно се движи кон промени. Доаѓа времето на нови економски политики, зголемена минимална и повисока просечна плата, борба против криминалот и корупцијата, целосна департизација и деполитизација на државните институции, рече Николовски во обраќањето.

Николовски зборуваше за мерките и проектите од Програмата на СДСМ за младите, за поддршката на малите и средни претпријатија, но и за подобрувањето на ефикасноста во работата на државните институции, во интерес на граѓаните.

– Ние ветуваме чесно и домаќинско работење, враќање на парите назад кон граѓаните. Младите кои се главен двигател на секоја држава ќе ги мотивираме, најдобрите ќе ги наградиме, најуспешните ќе ги помагаме со државна помош. Со еден збор, ќе ги задржиме во државата и повторно ќе ги претвориме во движечка сила во општеството. Младинска гаранција, е мерка на СДСМ преку која секој млад човек откако ќе го заврши своето образование, ќе добие работа или ќе може да продолжи со дообразување или пак тренинг. Дополнително, за најдобрите 320 бизнис идеи, младите ќе добијат по 10.000 евра неповратни средства од државата за да започнат сопствен бизнис, рече Николовски.

-Оваа власт воопшто не понуди никаква помош за малите и средни претпријатија, но затоа ние предвидуваме 140 милиони евра годишно, парични средства за развој на овие претпријатија. Ќе се отвори нов и напреден шалтерски систем каде секој граѓанин, на еден шалтер ќе може да ги подигнува сите потребни документи од државните институции, истакна Николовски.

На мерките поврзани со останатите столбови од програмата свои излагања имаа и членовите на извршниот одбор на СДСМ.

-Ќе инвестираме во болниците, ќе ја обновиме и надоградиме мрежата на амбуланти. Ќе ја зголемиме платата на докторите и повторно ќе го вратиме бесплатното јавно здравство, потенцираше Роберт Алаѓосовски.

-Субвенциите ќе ги зголемиме на 160 милиони евра, ќе ги доделиме на вистинските земјоделци тогаш кога има се најпотребни, и истите ќе бидат исплатени во целост, рече Татјана Прентовиќ, членка на ИО и претседателка на Комисијата за земјоделство.

-Во изработката на програмата на СДСМ, покрај граѓаните со своите предлози, учествуваа многу професори, бизнисмени, инженери и други стручни луѓе. Инфраструктурните проекти се од огромно значење за развој на Македонија. Затоа предвидуваме изградба на 600 километри автопатишта, 550 километри магистрални и околу 1000 километри локални патишта, истакна Диме Велковски, претседавач со ЦО на СДСМ.

 

 

 

Последни вести